Некогашниот победник на реалното шоу „Големиот брат“, Дарко Спејко, се пофали дека станал спортски директор на кошаркарскиот клуб „Куманово 2009“. Тој веста за новата функција ја објави на социјалните мрежи, па доби честитки и коментари дека „чесен човек како него заслужува ваква функција“.
Дарко е поранешен кошаркар кој во јавноста е познат како голем љубител на спортот. Иако одамна професионално не се занимава со спорт, секојдневно вежба и често споделува слики од тренинзите на социјалните мрежи.