Дац и Александар, Драган Б.Костиќ и Фиц ќе пеат пред Нова година на Боемска

Драган Б. Костиќ, Дац и Александар, диџеј Фиц од Студени нозе и тамбураши ќе ги забавуваат скопјани во Дебар Маало на Боемска пред Новата Година.

Забавата ќе се одржи на 29 -ти и 30 -ти декември, според најавената програма од општина Центар.

Ќе има програма и за најмалите со настап на децата од детските градинки како и од основните училишта во општина Центар. На самата Боемска улица ќе биде поставен и божиќен базар.

Scroll to Top