Дац и Александар со сестрите Маријана и Росана ќе имаат заеднчки настап во скопско кафуле: Ова се случува еднаш и реприза нема

Александар Митевски и Драган Спасов Дац во скопско кафуле ќе имаат настап со сестрите близначки Маријана и Росана. Дац и Александар пред една година ја преработија песната „Едно срце имам“ заедно со Росана.

„Конечно се комплетиравме со нашите драги Маријана и Росана. Утре ќе запееме во Трибека. Ова се случува еднаш и реприза нема“, напишаа Дац и Александар.

Дуото ја објави нивната нова песна и спот „Срце на робија“. За спотот дуото изјави дека е прв видео спот во Македонија направен со графика со помош на (AI) вештачка интелигенција.

„Секоја сцена е создадена со посебно зададена тема која потоа дополнително се “оживуваше”“, информираше дуото.
Scroll to Top