Дебитантот Александар Тодоровски победи на „Макфест“, третопласираната Марија се расплака на сцената

Дебитантот Александар Тодоровски победи на “Макфест’ кој годинава се одржуваше на отворено. Второто награда ја доби Мартинијан Кириловски, а третата пак Марија Данева која се расплака на сцената.  Ова беше 36 издание на фестивалот  кој се одржа во Аквабела Ресорт.Имаше  две фестивалски вечери, првата – дебитантска вечер и втората – финална вечер, во која влегоа 5 победици од првата вечер. Награда за најдобар аранжман доби Лазар Цветковски за композиција „Денот што ми носи“ на Александра Јанева. Награда за најдобар сценски настап доби Марија Данева. Награда за најдобра интерпретација доби Лара Иванова со композицијата „Душа“. Наградата за најдобар дебитант ја доби Калина Велковска. Од вкупно 18 изведувачи во финалната вечер, победи Александар Тодоровски.

Макфест оваа година имаше и нови водители, Мирослав Кацаров и Ведрана Ѓорѓевиќ.

Помеѓу натпреварувачите на Макфест 2021 беа и Ѓоко Танески, Роберт Билбилов, Ај Кју, Полина Тасева, Лара Иванова, Мартинијан Кириловски, Филип Пешевски.

Додека стручното жири одлучуваше за гласовите, публиката ја забавуваше музичкото дуо Александар Митевски и Драган Спасов-Дац.

 

Фото: Фејсбук на Д.р-Сашо Николов

Scroll to Top