Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски освои бронзен медал на „Гранпри финале“ турнирот кој се одржува во Саудиска Арабија. Ова е најголемото натпреварување во теаквондо по Олимписките игри, а учествуваат само најдобрите во светот со лична покана од организаторот.
Во борбата за бронзата Георгиевски го победи Смал Дуисбеј од Казахстан, откако претходно во полуфиналето загуби од Чејк Салах Сисе од Брегот на Слоновата Коска.
На патот до полуфиналето Георгиевски ги победи актуелниот светски вицешампион Иван Гарзсија Мартинез и првиот носител на турнирот, Мартин Соарес од Бразил.