Дејан Георгиевски освои бронзен медал на Президент-купот во Турција

Дејан Георгиевски таеквондист освои бронзен медал на „Президент купот“ во Истанбул, Турција.

Георгиевски не успеа да се избори за финале, откако во полуфиналната пресметка загуби од олимпискиот шампион Сисе од Брегот на Слоновата Коска. Сисе во полуфиналето го победи македонскиот таеквондист со 2-0 по рунди, со 4-0 и 3-1 во поени во секоја од рундите.

Претходно, Георгиевски славеше против Бадри Алиaбади од Азербејџан со 2-0 во рунди.

 

Scroll to Top