Дејан Георгиевски освои сребро на турнир по таеквондо во Белград

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски освои сребрен на Меѓународниот турнир „Галеб Белград трофеј – Србија опен“ кој се одржа во Белград, Србија, од Г-1 серијата. Во финалето загуби 1-2 од Иван Мартинез од Шпанија, иако досега го победил трипати.

Претходно Дејан ги совлада преставниците на Германија и Шпанија, Роберт Манеа и Андре Перез и ги собира поените за Олимписките игри во Париз 2024 година. Следната недела ќе настапи на Г-1 турнирот во Тирана, Албанија.

Scroll to Top