„Денес е трета хемотерапија за Андријана“-Јулија за ќерката и нејзината борба со ракот

By

Неодамна познатата пејачка Јулија откри дека незјината ќерка Андријана се бори со рак. Полна со оптимизам, таа објави дека колку и да е голама болката, верува и знае дека Андријана ќе ја победи болеста. Сега, повторно на својот Фејсбук порофил, Јулија објави фотографии од Клиниката за онкологија.

“Денес е третата хемо за Андријанче, на Клиниката за онкологија. Прифативме низ овој предизвик да се носиме со насмевка, зашто веруваме во најголемото добро, исцеление за Андријана. Прекрасната екипа на онкологија Жане, Мики, Тања, на чело со д-р Нино Васев, кои се максимално посветени и професионални, за што од срце им благодариме. Но, најважно од се е што имаат голема љубов која несебично ја споделуваат секојдневно со пациентите“, вели Јулија.

Таа вели дека е благодарна до сите кои секојдневно им се поддршка и им го олеснуваат сето ова што им се случува. „ Се уште не сме во можност, но ќе ги споделиме  нашите чувства, емоции и нашите искуства низ овој процес. За канцерот треба да се зборува и секој придонес е многу важен. Од Клиниката за онкологија ви посакувам на сите добро здравје “, вели Јулија.

„И, сега, кога ги трпиш најголемите болки, ми велиш, ќе помине“ – Јулија откри дека ќерка ѝ боледува од рак

Ќе ви се допадне