„Девојче, ти си доктор за музика“- Антонија Гиговска ѕвезда во  „Пинкови ѕвездички“

Со одличната изведба на хитот „Black Velvet“ од Алана Мајлс, Антонија Гиговска го имаше последниот настап во специјалната емисија „Сите ѕвезди од Пинковите ѕвездички“, чија тема овој пат беше „Рок-музиката во 70. и 80-тите“. Жирито беше воодушевено од младата пејачка и минатогодишна победничка на „Макфест“, освојувајќи ги сите пет гласови.

„Магистер, доктор, специјалист, хирург… сето тоа е точно. Ни милиметар, ни секунда не би одзел или додал, ти си совршена. Ова беше од А до Ш погодено, секој тон, секое движење, темата, изгледот, се’… Освен тоа, ти можеш да шеташ по различни жанрови, а во секој од нив маестрално да брилјираш. Јас навистина мислам дека си тука една од најдобрите, ако не и најдобриот пејач“, рече Милан Станковиќ.

„Истото го мислам и јас… Но, сметам дека ти овде малку си заталкала, бидејќи следната година очекувам од тебе сингл и да застанеш во рангот на изведувачи кои со години се на сцената. Јас тебе не те доживувам како дете, зашто ти си толку изграден интерпретатор кој го има сето она што е потребно за да не биде само пејач, туку ѕвезда. Ти веќе си ѕвезда“, додаде Наташа Беквалац.

Scroll to Top