Џани Алиоски ќе игра за турскиот шампион Трабзон

Македонскиот репрезентативец Џани Алиоски следната сезона ќе игра за турскиот шампион Трабзонспор, пишуваат локалните медиуми. Турскиот клуб долго време се интересираше за Алиоски и сакаа да го ангажираат уште лани, но тој замина за Саудиска Арабија во клубот Ал Ахли. Откако арапскиот клуб испадна во втората лига, турскиот шампион повторно го побара Алиоски.

Медиумите од Турција пренесуваат дека сите детали се договорени и дека турскиот шампион ќе се ослободи од странските фудбалери за да нема проблеми со регистрацијата на Алиоски во клубот.

Неофицијално, до крајот на оваа недела Алиоски треба да се врати од одмор и да го потпише договорот во Турција.

Scroll to Top