Џаро доби награда за жива легенда од „Бекстејџ“

Велибор Џаровски Џаро доби награда за жива легенда од естрадниот магазин „Бекстејџ“, кој вчеравечер прослави 15 години постоење.

Џаро важи за најпознат менаџер на голем број познати музички ѕвезди од ју просторите.

„Благоја сношти зема награда за жива легенда, и еднаш у живот ме послуша-пократко збореше пред публика. Фала ви за ова Бекстејџ, среќен ви 15. роденден, и уште поголеми да растете“, напиша неговата ќерка Милица Џаровска.

Џаро (73) е познат и како крал на местенките во поранешна Југославија и јавно зборува како наместил 80 фудбалски натпревари од југословенската фудбалска лига.

Тој беше познат менаџер на Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, Бјело Дугме и други естрадни ѕвезди.

Scroll to Top