Џез-музичарот Владимир Четкар тргнува на мини турнеја низ САД

Џез-музичарот и гитарист Владимир Четкар од Охрид ќе ја почне годината со мини турнеја низ САД.

Според предвидената програма, неговата турнеја ќе почне со концертот во Aretha’s Jazz Cafe во Детроит. Потоа, со својот бенд ќе настапи во Skadarliya во Чикаго, на 5 февруари концерт во клубот BOP STOP во Кливленд, а на 12 февруари има закажан концерт во њујоршкиот клуб Chelsea Table + Stage.

Тој на својот фејсбук-профил објави дека на 18 евруари ќе настапи во прочуениот музеј на модерна уметност „Нортон“, кој важи за еден од најзначајните културни центри на Флорида, со што ќе ја заокружи својата мини турнеја.

Четкар дипломира на престижниот музички универзитет „Беркли“ во САД, каде што студираше модерна продукција, аранжман и џез-гитара. Како уметник настапува соло, но соработува и со многу музичари. Неговиот бенд го сочинуваат Мото Фокушима на бас од Јапонија, Ник Фалк на тапани и Милан Милановиќ.

Scroll to Top