Димитар Андоновски ја доби наградата за најдобра музика на претставата „Дон Жуан“ во Србија

Поп-пејачот Димитар Андоновски доби за најдобра музика на претставата „Дон Жуан“ на Молиер, во режија на Андреј Цветановски на награда на 72.Фестивал на професионални тетари во Војводина, Србија.

„Почитувани, на 72.Фестивал на професионални театари во Војводина, кој се одржува во Србија добив награда за најдобра музика за претставата ,,Дон Жуан” на Молиер, во режија на Андреј Цветановски. Оваа награда ми значи многу, затоа што е интернационална и ми дава мотив за уште поуспешни проекти во иднина“, рече Андоновски.

„Одлуката е донесена едногласно, да му ја доделиме наградата за најдобра музика на Димитар Андоновски за музиката во претставата „Дон Жуан“ од Молиер, во режија на Андреј Цветановски, Народниот театар „Стерија“ од Вршац“, објавија од Народното позориште „Тоша Јовановиќ“.

Инаку претставата „Дон Жуан“ влезе во селекцијата на 72. Фестивал на професионални театри на Војводина, како една од претставите која ја обележаа театарската продукција во Војводина за оваа сезона, според селекторката на овогодинешното издание на фестивалот, познатата театарска критичарка Александра Гловацки.

„Што се крие позади тоа силно освојување и нечуствителност кон сопствените жртви е основната сфера на интерес на македонскиот режисер кој што е автор на адаптацијата. Во високо естетизираната постановка, со подеднакво драмски и комичен набој во актерскиот ансамбл, ова читање отвара широк простор за преиспитување на односот на главниот лик со својот татко, и со тоа давајќи му трагични размери. Вршачкиот Дон Жуан не донесува само ново читање на класиката, туку со минимални додатоци на текстот, а без уништување на основното ткиво, дава нова посложена драмска предлошка“, пишува во извешајот на селекторката.

Најновата премиера на режисерот Андреј Цветановски беше изведена во Вршац, во театарот „Стерија“.

Scroll to Top