Директорот на Фондот за иновации, Коста Петров, си ги скрши двете раце по пад од велосипед

Писателот и директор на Фондот за иновации, Коста Петров, минатиот викенд си ги скрши двете раце при пад од велосипед на кеј. Со него бил и Петар Георгиевски-Камиказа, кој му правел друштво додека ја чекале брзата помош. Коста сподели фотографија од клиниките за траума и за ортопедија на својот фејсбук-профил, каде што раскажа за несреќата.

„Минатата сабота утринското возење велосипед спектакуларно заврши со скршеници на двете раце. Голема благодарност до сите што ми помогнаа на кејот и чекаа со мене додека дојде брзата помош, особено Перо Камиказа. Најголема благодарност до персоналот на клиниките за траума и за ортопедија“, вели Петров.

Порака за побрзо закрпенување доби од Мухамед Зекири и од актерот Сашо Ристовски.

„Ќе си бидеш дисциплиниран пациент и ќе се вратиш во форма и побргу од што мислиш“, му пишуваат во пораките на Петров.

Коста Петров е успешен бизнисмен и автор на популарни книги. Беше пиар-експерт во кабинетот на тогашниот министер за здравство, Арбен Таравари, а во август 2019 стана потпретседател на СДСМ. Од лани е директор на Фондот за иновации.
Scroll to Top