Добредојде, принцу, Иван Иванов стана татко, принова во семејството на поранешниот претседател

Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, стана татко. Тој и неговата сопруга Јана добија син. „Добредојде, принцу“, објави Иванов на социјалните мрежи. Името на бебето сѐ уште не го откриваат.

Иван и Јана се свршија лани во октомври, а неодамна и се венчаа. Двајцата долго време беа заедно во врска, а не е тајна дека Иван пишуваше поезија за својата сопруга.

Scroll to Top