Дојде дома пијан и не гледаше каде мава, Лоба со потерсна приказна

И пејачката Викторија Лоба, се вклучи во кампањата #Слушни ја против насилство врз жените и девојчињата. Таа ја раскажа потресна приказна. Всушност во приказната на Лоба, се крие вистинската животна приказна на Александра.

– Кога дојдов во Германија, нашата ќерка веќе беше родена. Тој работеше од утро до мрак, а јас се грижев за малечката и за нашиот дом. Една вечер, не се врати. Се појави после три дена мртов пијан. Почна да крши сѐ, да мава со сѐ што ќе му дојде при рака. И мене.  Си заминав и никогаш нема да се вратам – раскажа Лоба во промотивниот спот. Покрај Лоба, актерките Амернис Нокшиќи и Тања Кочовска, се дел од капмањата-16 дена активизам против насилството врз  жените и девојчињата.

Scroll to Top