Документарниот филм за Дарко Панчев ќе има премиера на 24. април

Македонската фудбалска ѕвезда Дарко Панчев, ќе добие документарен филм за неговата кариера, а премиерата е во Скопје на 24 април.

Документарецот е насловен „Патот на Кобра до ѕвездите“, а во него се говори за фудбалскиот пат на еден од најдобрите фудбалери и центарфори во поранешна Југославија.

На проектот наменет за Златната копачка и Сребрена топка од Македонија работеа и го снимаа и продуцираа Спортклуб телевизија, Спорт Нетворк Продукција од Србија и Спортското радио 90.3 фм.

Промотивното емитување на филмот ќе биде во  хотелот „Александар Палас“ пред голем број поканети гости, новинари, спортски работници, екс-фудбалски ѕвезди, соиграчи и ривали на нашата фудбалска икона, Дарко Панчев.

Реализацијата на филмот е под генерално покровителство на Универзитет Скопје.

Scroll to Top