Домашни и балкански ѕвезди викендов на „Струмица опен“

Со браќата Тавитјан и специјалните гости Јелена Томашевиќ, Сергеј Цетковиќ и Жељко Бебек вечерва почнува  музичкиот дел на „Струмица опен 2017“. Покрај нив, вечер ќе настапи и бендот „Галија“, а журка ќе има и со Александар Галоски и „Пада Пада рекордингс“.

Утре (сабота) ќе настапат Дани Димитровска, рок-составот „Ван Гог“, една од најпопуларните балкански пејачки Јелена Розга, диџеј Мистик и „Астраион проџект“. В недела е затворањето на „Струмица опен“  со балканската ѕвезда и кантавтор Дино Мерлин. Во последната вечер ќе настапат и Нино Величковски, „Квин ријал трибјут“ и електронските дуа „Дисконектет“ и „Кирилик“.

Годинава е шестото издание на фестивалот „Струмица опен“, кој почна на 3 август.  Фестивалот беше отворен пред библиотеката „Благој Јанков – Мучето“ со откривање два мурала на уметниците Ване Костуранов и Никола Пијанманов.

 

Scroll to Top