Драган Мијалковски се враќа на музичката сцена, ќе ја пее „Чекај ме, мила моја“

Пред платото на Офицерскиот дом во Битола на 24 август ќе се одржи фестивал на македонската староградска песна „Ех, таа серенада“. На овој фестивал се враќа и легендарниот Драган Мијалковски, едно од најголемите музички имиња. Драган, ќе ја пее песната „Чекај ме, мила моја“, чиј автор е Љупчо Трајковски-Фис. По пет години Драган повторно се враќа на сцената. Тој беше победник на 34 издание на „Фолк фест Валандово“ во 2019 година.  Мијалковски ја овсои првата награда претставувајќи се со песната „Илина“, чиј автор е Љупчо Трајковски Фис, а тогаш повторно се врати на музичките настапи по 20 години пауза.

На овогодишниот фестивал  “Серенада“ на избраните музички дела ќе им биде даден хонорар од 12.000 денари за текст, 12.000 денари за музика и 12.000 денари за аранжман. Изведувачите ќе добијат хонорар од 5.000 денари“, соопштуваат организаторите.

Scroll to Top