Драган Вучиќ беше спремен да ти достави сутлијач на врата за да те израдува

Македонската јавност денecка беше затечена по веста дека Драган Вучиќ подлегнал во
борбата со коронавирусот на Инфективната клиника во Скопје. Познат по вонвременските хитови и водителските ангажмани, Вучиќ секогаш беше интересен за македонската публика . Во многуте приказни и простувања од познатите, онаа на Драган Сапсов -Дац остава впечатот. Вели вака:
„Го сретнав, не знам каде. Му реков: Тој сутлијачот што го рекламираш во емисијата е
навистина убав, редовно го купувам. Навистина ти се допаѓа?Да, му одговорив. Следниот ден ме побара и ме праша за адресата, му ја кажав. Дојде и ми донесе цел пакет од сутлијачот. Повели- ми рече со насмевка. Е, таков човек беше Драган Вучиќ. Почивај во мир!“, вели актерот Драган Спасов Дац на
Фејсбук.

 

 

Scroll to Top