Дрита Ислами постави нов рекорд на 400 метри во сала

Maкедонската атлетичарка Дрита Ислами постави нов државен рекорд на 400 метри. Атлетичарката сезоната ја започна со нов рекорд. Сега 400 метри во сала Ислами истрча за 55,95 секунди и го поправи рекордот кој изнесуваше 56,35 секунди.

„Нема ништо подобро од тоа да ја започнам сезоната со државен рекорд на 400м во сала 55.95, стариот рекорд беше исто така на моја сопсвеност 56.35. Овој резултат ми значи многу после една лоша сезона со доста повреди, ми ја врати самодовербата и ме мотивира да продолжам да срушам уште рекорди“, порача Ислами.

Scroll to Top