Дрита Ислами урна рекорд стар 40 години

Атлетичарката Дрита Ислами го урна рекордот на Елизавета Божиновска, стар 40 години, во дисциплината 400 метри. Стариот рекорд од 1980 година изнесуваше 56.49 секунди, а новиот е подобар за 14 стотинки, односно 56.35 секунди.

Таа викендов настапи на Националното првенство за сениори во сала што се одржа во Софија. Ова е нејзин шести национален рекорд.

 

Трката на 400 метри не е нејзината главна дисциплина, но од Атлетската федерација очекуваат исполнување на норма за учество на Европското првенство во нејзината специјалност 400 метри со пречки.

Scroll to Top