Дури тројца автори ангажирани за песната на Тамара за да биде втора на Евросонг!

Тројца автори се ангажирани да и ја направат песната на Тамара  Тодевска за да ја претставува Македонија на годинашниот Избор за песна на Евровизија во Тел Авив. Песната има работен наслов„Proud“ и е на авторскиот тим: Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Ова е одлучено од консултативното тело на Македонската радио-телевизија по иницијатива на Тамара на вчерашното преслушување на песните што неколкумина наши автори ги доставија до МРТ по соопштувањето на изборот за македонскиот евровизиски претставник за 2019 година.

Во моментов се работи на продукциското оформување на финалната верзија на песната која наскоро ќе ѝ биде претставена на јавноста.

Евровизискиот настап на Тамара на сцената во Тел Авив ќе биде на втората полуфинална вечер на 16 мај.

Откако беше објавено дека Тамара ќе пее на Евросонг, таа за еден пораал изјави „дека ќе биде второ место на Евровизија, “.

Тамара како  македонски претставник на „Евросонг“ оди втор пат, а претходно два пати била и како придружен вокал. Во 2008 година, заедно со Врчак и со Адриан Гаџа во Белград ја испеа „Во името на љубовта“, која имаше лош пласман. Во 2004 година, беше дел од придружните вокали на Тоше Проески во Истанбул, а во 2014 година исто така ги отпеа придружните вокали на сестра ѝ, Тијана Дапчевиќ во Копенхаген, Данска.

 

Scroll to Top