„Две долги години без тебе“, Андријана Јаневска емотивна за починатата мајка

Пејачката, виолинистка и професор на ФМУ Андријана Јаневска сподели емотивен статус за својата мајка. Поминаа две години откако таа почина.

“ Две долги години без тебе, мајчичке моја. Ти беше мојот Исток и мојот Величетврток, ти беше сè што му недостасуваше на светот“, напиша Јаневска. Таа лани, првпат прозборе за болката што ја чуствува по смртта на мајка си.

„Велат дека времето лечи сѐ, и јас искрено се надевам дека тоа е така. Болката не може да ја снема, но мораш да научиш да живееш со неа. За мене семејството е сѐ и многу ми е важно со помош на моите деца, и на мојот сопуг се обидувам да го надминам тоа“, рече Јаневска.

 

Scroll to Top