„Екстра бенд“ има нова песна – „За мили чеда, свадби да правам“. Автор на оваа народна песна е Златко Миладиновски со кого бендот соработувал и претходно.
„Ова не е наша прва авторска песна. Нè радува тоа што публиката што ја следи нашата работа позитивно реагира на секој наш нов проект, а тоа ни е голем мотив. По промоцијата на оваа песна сакаме да продолжиме со уште проекти, кои се надеваме дека ќе ги реализираме според планираното“, велат од бендот.
„Екстра бенд“ веќе неколку години создава авторска музика. Често ги промовира македонските песни во Србија и често е гостин во студиото на „Гранд продукција“.