Под мотото „Прекрасното непознато“ на 23 септември во Битола свечено беше отворено 44. филмскиот фестивал „Браќа Манаки“. И овој пат интересно беше да се види кој се дојде на црвениот тепих. Актери, филмски работници, новинари, модни дизајнери.
Од свечени тоалети, секси штикли, патики со костим, чизми, имаше и модни утки, ама без кич пак не е интересно на филмскиот фестивал кој секоја година е празник за уметниците.
Актерката Ана Стојановска, ѕвездата на „Кајмак“ во креацијата на Елена Лука, дефинитивно беше модно освежување на вечерта. Но, и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска воопшто не потфрли со изборот на облеката, особено впечаток оставија елегантните црвени сандали.
Внимание привлече и Лабина Митевска во црн фустан, а нејзината сестра Теона носеше крем комбинација. Миланка Рашиќ избра син светкав фустан. В о продолжение кој како беше облечен на црвениот тепих.