Елена Божиновска: млада инфлуенсерка, која, наместо да промовира брендови, поттикнува промени и се бори за правата на децата

Младата Елена Божиновска, која веќе извесен период живее во Италија и е стипендист на италијанската влада и е на магистерски студии, насока бизнис-менаџмент и иновации на Faculty of Economics La Sapienza Universita di Roma, е една од ретките инфлуенсерки кај нас, која, наместо да промовира брендови, своето влијание на социјалните мрежи го користи сѐ со цел да им помогне на оние на кои помошта им е најпотребна. Дека успешно го прави тоа, потврда се двете признанија што ги доби деновиве. Имено, Елена ја доби реномираната награда Emerginh Europe за младински инфлуенсер на годината во Централна и Источна Европа за нејзината работа во поттикнување општествени и правни промени за младите со помалку можности.

Втората награда, пак, е наградата „13 Ноември“ од Град Скопје од областа на хумантирна активност за посебен придонес за правата на децата.

Инаку, Елена, иако е доста млада, со години се занимава со хуманитарна работа, а децата и младите од самохрани и еднородителки семејства и борбата за нивните права е нешто со што се занимава изминатиов период и се труди на секој можен начин да им помогне на оние на кои помошта им е најпотребна.

Дека е на вистинскиот пат, потврда се овие две признанија, кои се само дел од низата награди што Божиновска ги има добиено изминативе години.

Нека Елена послужи како пример на сите други инфлуенсери и нека нејзината активна хумана работа биде поттик и на другите своето влијание да почнат да го користат и за хумани цели.

Текстот Елена Божиновска: млада инфлуенсерка, која, наместо да промовира брендови, поттикнува промени и се бори за правата на децата е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top