Елена ќе пее за роденденот на Тоше

На 25 јануари со низа манифестации во Крушево ќе се одбележи 38-от роденден на почината по-ѕвезда Тоше Проски. Поп пејачката Елена Ристеска, кој му беше блиска пријателка на Тоше ќе испее неколку песни во Спомен куќата на Тоше Проески во негова чест.

Веста ја потврдија и од општина Крушево, велејчи дека таа без размислување ја прифатила поканта да пее за роденденот на Тоше. И изминатите години со најразлични манифестации, промоции на необјавени песни, концерти, хуманитарни акции, уметнички изложби и слични настани, беше одбележуван роденденот на најголемата музичка ѕвезда во регионов, кој настрада во сообраќајна несреќа во Нова Градишка, Хрватска во 2007 година.

Scroll to Top