Елена Миленковска ги напушти „Ѕвездите на Гранд“

Македонската пејачка Елена Миленковска го напушти музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Таа преку социјалните мрежи им соопшти на фановите дека сега ќе се фокусира на семејството, нејзиниот вереник Гуте Маринковиќ и бебето кое што го очекуваат.

„Среќна сум за се што доживувам и едвај чекам да се реализирам во улогата на мајка бидејќи мислам дека тоа е најголем подарок.  Со нови сили повторно ќе се дружиме во следната сезона. Во меѓувреме, очекувајте многу нови работи од мене и мојот Гуте“, напиша Миленкова на „Инстаграм“.

Пејачката претходната сезона во шоуто го запозна Гуте Маринковиќ со кого се вери. На почетокот на годината, Елена и Гуте официјално се потпишаа во матично, а и открија и дека ќе станат родители.

Миленковска во шоуто оваа сезона беше под менторство на Ѓорѓе Давид.

Scroll to Top