Поп-пејачката Елена Ристеска е во Мајами, Америка. Таа на својот инстаграм-профил објави фотографии во бикини сликани на една од плажите во Мајами. „Има места на кои се чувствуваш како да си дома“, напиша Елена покрај сликите. Пејачката доби бројни комплименти за изгледот од своите следбеници на „Инстаграм“, кои ја пофалија дека е згодна, секси, ама и дека е модерна на плажа како вистинска Американка.
„Неколку недели ќе бидам во Америка, дојдов на шетање. Сега сум во Мајами, а следната недела ќе одам во Њујорк“, откри Елена за „Репортер“.
Пејачката вели дека во Америка е со својата другарка Ивана, со која се знае 12 години. „Секогаш патувај со пријател со кого ти е убаво и те опушта“, вели Елена.
(А.Ј)