Елена Петреска ќе настапи 13-та по ред на првата полуфинална вечер на годинешното издание на реномираниот македонски фестивал „Макфест 2017“ со песната „Нешто“.
Песната е снимена во продукција на Niklast Bergqvist и Simon Johansson, а како автори на музиката и аранжманот се потпишуваат Ylva и Lynda Person. Македонскиот текст е дело на нашата позната Елена Ристеска.
Соработката со оваа продукција дошла преку нејзиниот пријател и менаџер од Виена, Данијел Стојадиновиќ. За нејзиниот стајлинг на сцената ќе се погрижи дизајнерката Мила Кадриу, додека шминката и е препуштена на Зои Блаж.