Поп-пејачката Елена Ристеска неодамна престојуваше во Москва каде што со рускиот рапер Кирил ја сними песната Bitcoin & Gold. Тој истовремено е и нејзин менаџер за Русија. Освен оваа песна, Елена и Кирил подготвуваат неколку заеднички песни.
Елена на покана на Кирил во Москва настапи и на популарниот хип-хоп фестивал „Мејдеј“, а кој се одржува секоја година на 1 мај. На фестивалот освен руски, пеат и познати хип-хоп артисти од Европа.