Елена Велевска и Перо Антиќ: Сакавме да се запознаеме

By

Фолк-пејачката Елена Велевска и поранешниот кошаркар и претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ  објавија заедничка фотографија. И одма почнаа муабетите, од каде двојката заедно.  На прашањето што се случува со Перо и од каде заедно, Елена вели: „Немам многу што да кажам, мене и на децата ни е омилен лик. Тој им подари маици со автограм, а воедно и тој многу ја обожавал мојата музика и мене како личност, па взаемен беше интересот да се запознаеме. Ние двајцата сме пример по кој можат да се водат многу генерации“, вели Елена за „Репортер“. Таа ни рече и дека во мометов е сама и слободна и дека не е со никого во љубовна врска.

Елена летово ќе го помина во Охрид, а од септември планира да се сели во Скопје. По карантинот и таа се враќа на настапите.

А.Георгиев 

Ќе ви се допадне