Елиф Елмас се врати во Македонија, откако Наполи стана шампион: го посети ФК Гостивар и доби дрес со неговото име

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас по прославата за освоената титула на Наполи, се врати во Македонија и го посети ФК Гостивар.

Клубот кој избори промоција во Првата македонска фудбалска лига, го промовираше ростерот како и новите играчи.

Елмас им донесе дрес на Наполи, новиот шампион на Италија, а од Гостивар му подарија дрес со неговото име.

„Ти благодариме Елиф Елмас. Секогаш ти посакуваме се најдобро во кариерата“, напишаа од ФК Гостивар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KF GOSTIVARI (@kfgostivar)

Scroll to Top