Елмас стана вториот најмлад капитен во историјата на Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас синоќа за првпат ја носеше капитенската лента на Наполи и стана вториот најмлад капитен во историјата на клубот. Тој ја доби капитенската лента на 23 години. Помлад од него единствено е легендарниот Лоренцо Инсиње, кој исто така имаше 23 години кога првпат ја носеше капитенската лента на Наполи, но беше неколку месеци помлад од Елмас.

Наполи вчера играше против Кремонезе во купот на Италија, но беше елиминиран на пенали. Елмас беше повлечен од игра во 85.минута, а само две минути подоцна Кремонезе го постигна вториот гол за израмнување на 2:2. По ова се играа продолженија, во кои немаше голови и на крајот се изведуваа пенали.

Scroll to Top