Емил Павлов се закити со титулата европски првак, во категоријата до 60 килограми, на континенталното првенство во карате што се одржува во Нови Сад.
Павлов, во финалето, со 3:1 го победи репрезентативецот на Италија, Анџело Крешенцо. Претходно, до финалето,
Павлов ги совлада Имрик од Словачка, Атар од Холандија, Дуловиќ од Црна Гора и Калнинс од Летонија.
Павлов во Нови Сад придодаде уште еден медал од европскте првенства во својата колекција. Тој во кариерата веќе има освоено едно злато и една бронза.