Емилија Розман ја раскина веридбата

Манекенката Емилија Розман, која пред два месеца се вери со Стефан Ангелковски, ја раскина веридбата. Иако медиумите пишуваат дека се разведува, Емилија за „Репортер“ вели дека тие не се венчале, туку само биле верени. Двојката првпат го привлече вниманието на јавноста во јули, оти само 48 часа откако се запознаа, Стефан ја побара за жена. Емилија не крие дека во тој момент била понесена од емоциите, ама одлуката да се вери била избрзана.

„Ние не бевме во брак како што пишуваат медиумите. Само се раскина свршувачката меѓу нас. Одлуката за самото запросување беше избрзана, нè понесоа емоциите и се случи. Ќе гледам на ова како на една авантура, а нему му посакувам сè најубаво и се надевам дека ќе ја пронајде вистинската за него“, ни рече Емилија.

Сега на нејзините профили на социјалните мрежи веќе ги нема заедничките слики со некогашниот свршеник. И иако Емилија е позната по тоа што приватниот живот го чува за себе, претходно веднаш објави слики од романтичното запросување на Козјак и од свршеничкиот прстен. „До месечината и назад, да“, напиша тогаш таа. Потоа сподели и неколку слики од запознавањето на нивните семејства.

Емилија е последната мис на Македонија која се натпреваруваше и на изборот за Мис на светот. Таа титулата ја освои 2015 година. Потоа учествуваше и на неколку европски избори за убавина, а оттогаш се појави и во неколку спота на македонски музичари.

А. Јовановска

Scroll to Top