Емотивна објава на Сузана Турунџиева за починатиот брат Панде: едно братче на небото денес слави роденден

Пејачката и  водителка Сузана Турунџиева сподели емотивна објава во спомен на нејзиниот трагично починат брат. Таа секој 19 април, на нејзиниот фејсбук профил се потсетува на роденденот на својот брат Панде Турунџиев, кој го загуби својот живот на 36 годишна возраст работејќи во Канада.

Панде Турунџиев според написите во медиумите најпрво бил киднапиран, па убиен под неразјаснети околности, кои семејството никогаш не ги дознало и до крај никогаш не биле расветлени.

Болката за семејството Турунџиеви не стивнува и по дванаесет години од загубата. Во спомен на својот брат водителката сподели црно-бели фотографии од нејзиниот брат.

„Едно братче на небото денес слави роденден. Панде. Среќен роденден на сите родени на 19-ти април“, напиша Турунџиева.

Scroll to Top