Ева Јовановска освои две титули на изборот Мис туризам во Либан

Ева Јовановска (19) од Тетово освои две титули за убавина на светскиот избор „Мис туризам јуниверз 2022“ што се одржа во Бејрут, Либан. Ева стана Мис тинејџерка и доби лента за шеста придружничка на победничката. Таа победи во конкуренција на 30 учеснички, од исто толку држави од целиот свет. Победничка е Мис Венецуела, титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Киргистан, а Втора придружничка е Мис Италија.  Ева е член на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за организација на овој избор на убавина за Македонија. Неодамна уште четири девојки од „Црнокрак“ добија титули, на изборот за светски топ модел, кој исто така се одржуваше во Либан.

 

Scroll to Top