Фала ти што ми подари уште едно дете: Елена и Гуте вторпат станаа родители

Пејачите Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ повторно станаа родители. Убавата вест ја објави Гуте, кој уште во март објави дека чекаат уште едно бебе.

„Мајка. Најслична до Бога затоа што создава живот. Каква моќ им е дадена на жените. Фала ти што ми подари уште едно чудо“, рече Гуте.

Пејачите од „Гранд“ веќе го имаат синот Максим, кој го добија во јуни 2020 година. За потсетување, тие се запознаа на снимањето на „Гранд“ и се во брак веќе две години. За „Репортер“ кажаа за тоа како им се случи љубов.

„Тоа што почна како пријателство, по шест месеци прерасна во љубов. Велат, љубов како во филмовите. Отсекогаш сум верувал во сродни души. Кога знаеш дека нешто е судбина, не можеш да избегаш од тоа“, ни рече Гуте.

 

Scroll to Top