Поп-пејачката и диџеј Фани Христова, која неколку години е инструктор по јога, ќе им држи бесплатни јога часови на сите што прележале корона. Таа преку порака на „Фејсбук“ ги покани сите што сакаат да се опуштат и да си ги подобрат техниките да дишење, да ѝ се придружат. Фани часовите ќе ги држи два пати неделно преку платформата Зум.
„Овај пост е наменет за сите што го прележаа Ковид-19. Како јога-инструктор ве информирам дека ви стојам на располагање за бесплатни часови. Ја надминавте инфекцијата, која првенствено го напаѓа респираторниот систем. Но, сега кога се ослободивте од вирусот, треба да работите на враќање на силата и здравјето. Процесот на закрепнување може да биде бавен, бидејќи телото може да се чувствува исцрпено. Покрај соодветната храна и обилното спиење, помагаат и јога асаните, техниките за дишење и медитациите. Фокусот треба да биде насочен кон подобрување на капацитетот на белите дробови и респираторниот систем. Се фокусираме на управувањето со стресот и враќањето на функцијата на белите дробови, јакнење на имунитетот, тие ќе бидат во фокусот на јога-практиката. Тука сум да ви помогнам колку што можам кон патот на целосно закрепнување. Слободно споделувајте, контактирајте ме, а за подетални информации за часовите ќе бидете известени“, пишува Фани.
Здраво драги пријатели!
Овај пост е наменет за сите кои го прележаа КОВИД – 19.
Како јога инструктор ве информирам дека…Posted by Fani Hristova on Monday, November 30, 2020