Фатиме Фетаи на трибините на Гибралтар, овој пат сама ги бодреше фудбалерите

Обвинителката Фатиме Фетаи викендов беше на Гибралтар и од трибините на стадионот „Викторија“ ги бодреше македонските фудбалери. Навиваше страсно и се израдува на головите што ги постигнаа Барди и Николов. Фетаи привлече внимание и со стилот – беше облечена во црно и изгледот го дополни со црвен кармин и црвен лак на ноктите, кои ѝ се заштитен знак.

Не е првпат Фетаи да оди на натпревар на македонската репрезентација во странство. Таа минатиот пат беше во Палермо, кога Македонија ја победи Италија во баражот за Светско. Тогаш беше во друштво на министерот за правда Никола Тупанчевски и судијата Лазар Нанев од Кавадарци, а во јавноста се крена прашина како тие стигнале во Палермо и кој ги платил нивниот пат и сместување во Италија. Брзо потоа обвинителката тогаш покажа уплатници дека сама платила аранжман преку позната туристичка агенција за да ги следи натпреварите на македонската фудбалска репрезентација.

За потсетување, македонските фудбалери минатата недела играа два натпревари од Лигата на нации. Натпреварот со Бугарија заврши нерешено 1:1, а на гости го победија Гибралтар 2:0. Во овој циклус квалификации репрезентацијата ќе одигра уште два натпревари во Скопје, и тоа против Грузија на 9 јуни и на 12 јуни против Гибралтар.

Scroll to Top