Обвинителката Фатиме Фетаи ќе биде 14 дена во самоизолација откако се покажа дека јавниот обвинител Гаврил Бубевски е позитивен на Ковид-19, па неговата колешка од поранешното СЈО била во контакт со него.
Бубевски нема симптоми и се чувствува добро, но се тестирал бидејќи е во постојан контакт со повеќе луѓе, а Фетаи ќе биде 14 дена во самоизолација поради контакти со него, заедно присуствувале на неколку судења во последните неколку недели, потврдија од судот.