Ракометниот репрезентативец Филип Лазаров доби син. Неговата сопруга Билјана се породи за Велигден и на свет го донесе Марко.
„Фала ти Господе што на овој ден, на најголемиот христијански празник Велигден го збогати нашето семејство со уште еден член. Силен на тато, убав на мама и бато. Добро ни дојде Марко“, напиша Лазаров на „Фејсбук“.
Филип и Билјана се пет години во брак, а веќе го имаат синот Милан, за кого Билјана вели дека е најголемиот навивач, но и најголемиот критичар на својот татко.