Филипче оперираше со дежурниот тим за новогодишната ноќ

Министерот за здравство, Венко Филипче, за новогодишната ноќ беше во операционата сала. На својот фејсбук, Филипче објави дека со дежурниот тим на Клиниката за неврохирургија оперираа пациент со тумор на мозок и дека операцијата завршила успешно. Сподели и неколку фотографии од интервенцијата.

„Ова е дежурниот тим за новогодишната ноќ на Клиниката за неврохирургија. Секогаш е задоволство да работиш со млади колеги. Вечерва тие ми асистираа во операција на тумор на мозок. Операцијата успешно ја завршивме. Среќна нова година“, напиша Филипче.

 

 

Scroll to Top