Фолк пејачката Стојне Николова вечера во скопскиот ресторан „Рагуза“ промовираче три видео записи за песните „Тебе ти припаѓам“, „На друг не давај ме“, „Мелем за душа“.
Автори на песните се Борче Димитров, Љупчо Павловски, Бобан Мојсовски, Љупче Василев и Орце Зафировски.
– Не станува збор за класични видеоспотови, туку за арт-видеа, тренд кој периодов е актуелен во регионов, па и светот. Сите видеа се снимени на сцената на Универзална сала, но за секое видео беа употребени различни реквизити. Задоволна сум од целокупниот производ и сега не ни останува ништо друго, освен да ги чекаме реакциите на публиката – вели младата пејачка Стојне.
„Арт продукција“ ги изработи видеозаписите .
Стојне вели ја очекуваат многу настапи периодов, особено деновите пред и после Нова година, а најави уште многу нејзини авторски проекти.