Фолк-пејачот Марјан Коцев по втор пат стана татко

Фолк-пејачот Марјан Коцев по втор пат стана татко. Неговата сопруга Биљана вчера на свет го донесе синот Данило. Семејството вели дека нивните чувства се измешани. Од една страна се пресреќни, но и збунети.

„Данило е мојата втора среќа. Не знам на кого личи, веројатно на себе. Имавме неколку предлози за име, но ниту еден мој предлог не се прифати. На крајот Дуња пресече да се вика Данило. Иако сите дома сакавме девојче, сепак Данило не изненади“, вели Марјан за 7дена.мк

 

Scroll to Top