Вчера се навршија 23 години од смртта на една од најпознатите македонски актерки – Анче Џамбазова, ќерка на доајенот на МНТ, Петре Прличко.
Игор Џамбазов во свој стил се присети на својата мајка, но, како што вели, и најдобра другарка и колешка, прикажувајќи колаж-фотографии од нејзината младост на својот инстаграм-профил.
„Нејзиниот лик смирува“, „Една, единствена и незаменлива“, „Среќна е бидејќи ти сега си среќен“, се само дел од коментарите под колажот што тој го објави.
Анче Џамбазова е родена на 3 август 1942 година. Најпозната е по улогите во филмот „Мирно лето“ и Македонските народни приказни, како и во серијата „Волшебното самарче“, каде што играше заедно со својот татко и својот син. Почина на 30 септември 1997 во Скопје, на годишнината од бракот со познатиот диригент Александар Џамбазов.