(Фото) 23 години без Анче Џамбазова: Игор се присети на својата мајка

By

Вчера се навршија 23 години од смртта на една од најпознатите македонски актерки – Анче Џамбазова, ќерка на доајенот на МНТ, Петре Прличко.

Игор Џамбазов во свој стил се присети на својата мајка, но, како што вели, и најдобра другарка и колешка, прикажувајќи колаж-фотографии од нејзината младост на својот инстаграм-профил.

„Нејзиниот лик смирува“, „Една, единствена и незаменлива“, „Среќна е бидејќи ти сега си среќен“, се само дел од коментарите под колажот што тој го објави.

 

View this post on Instagram

 

23 години без мојата најдобра другарка, колешка, мајка…

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Анче Џамбазова е родена на 3 август 1942 година. Најпозната е по улогите во филмот „Мирно лето“ и Македонските народни приказни, како и во серијата „Волшебното самарче“, каде што играше заедно со својот татко и својот син. Почина на 30 септември 1997 во Скопје, на годишнината од бракот со познатиот диригент Александар Џамбазов.

Ќе ви се допадне