(Фото) Аделина Тахири се фали дека роденденот го слави во Монте Карло

Пејачката Аделина Тахири е во Монте Карло каде што ќе го прослави 31. роденден. Таа објави слика во бела бањарка, со кафе во рака и се пофали дека денес ѝ е роденден.

„Вака да си го прославиш и стотиот роденден“, ѝ коментираа на Инстаграм.

Аделина деновиве постојано објавува слики и видеа од патувањето. Таа преку Инстаграм откри како ужива со сопругот Серјожа, а го покажа и луксузот во Монте Карло и гардеробата што ја носи додека е таму.

Пејачката иако последниве години речиси нема нова песна, неодамна беше во центарот на вниманието, откако од Министерството за култура доби 2.000 евра да ја промовира македонската музика преку проектот „Унапредување и афирмирање на творечката и изведувачката македонска музичка уметност“.

Scroll to Top